Карли Клос се омажи тајно со Џошуа Кушнер

САД– Топ-моделот Карли Клос (25) се омажи тајно со Џошуа Кушнер (33) по шест години врска. Кушнер е помалиот брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, постар советник на Доналд Трамп во Белата куќа, и е менаџер и партнер во компанија за инвестиции. Таткото на Џаред и Џошуа е магнат во бизнисот на недвижности.

Клос е една од најангажираните манекенки на денешницата, препознатлива од ревиите на „Викториас сикрет“  и како заштитно лице на последната кампања на „Сваровски“.

На интимната церемонија во Њујорк присуствувале 80 гости, семејството и најблиските пријатели. Клос носела венчаница на „Диор“.