Капело: Отсуството на Роналдо и на Меси е чин на непочитување

Англија – Легендарниот италијански тренер Фабио Капело упати критики на адреса на двете најголеми фудбалски имиња во последната деценија, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Ѕвездите на Јувентус и на Барселона не се појавија во Лондон на церемонијата на прогласувањето најдобри.

– Тоа е непочитување кон фудбалерите, кон ФИФА и воопшто кон фудбалот. Тие можеби се навикнати да победуваат, но во животот треба да си достоинствен и во поразите, изјави Капело.

ФИФА во конкуренција на Мохамед Салах и Кристијано Роналдо, го прогласи Лука Модриќ за фудбалер на годината.