Една состојка во канабисот наречена канабидиол или КББ покажа ветувачки резултати во клиничките испитувања, како потенцијален нов третман за психоза, објавија научниците.
Тие спровеле испитување на луѓе со психоза и откриле дека пациентите третирани со КББ имале пониски нивоа на психотични симптоми отколку оние што примале плацебо. Психозата се карактеризира со параноја и халуцинации.
Студијата покажа дека тие, исто така, имаат поголема веројатност да бидат оценети со „има подобрување“ од страна на нивниот психијатар и има знаци за подобра когнитивна изведба и функционирање.
Најчестите форми на психоза се шизофренијата(што влијае на повеќе од 21 милион луѓе ширум светот) и биполарно растројство.
Главната психоактивна состојка во канабисот е делта 9 тетрахидроканабинол, или ТХЦ. Таа може да предизвика параноја, анксиозност и халуцинации. Но нејзиниот втор главен состав, КБР, има спротивни ефекти. Водечките научници сметаат дека би можеле да бидат корисни како третман во менталното здравје.