Календарот “Пирели“ за 2018 ја слави црномурестата убавина

САД- Задолжен за фотографија за најпрестижниот календар на светот “Пирели“ за 2018 е Тим Волкер, а пред неговиот фотообјектив позираа ѕвезди со црна боја на кожата, претставувајќи поинаква верзија на приказната за Алиса во земјата на чудата. Календарот „Пирели“ овојпат ја слави различноста од различна возраст. Во улога на јунаците од „Алиса во Земјата на чудата“ се појавуваат манекенката Наоми Кемпбел, актерките Вупи Голдберг и Лупита Нионго, раперот Паф Диди и други.

За „Пирели“ ова е голем пресврт во промовирање на календарот, ако се знае дека во изминатите години содржеше главно фотографии од разголени модели. Во 2015 година Ени Лејбовиц прикажа поинаква естетика, додека Питер Линдберг лани ги претстави славните жени без шминка.