Сцена(Видео) Како специјален претставник на ОН: Џоли ги посети сириските бегалци во Мосул 18/06/2018 09:47Facebook Twitter Google+ Pinterest Linkedin Email Telegram Viber САД– Холивудската ѕвезда Анџели Џоли посети камп за сириски бегалци во северен Ирак како специјален претставник на ОН, пренесе Ројтерс.Џоли го разгледа кампот Домиз каде живеат 33.000 бегалци од Сирија. Таа се запозна и разговараше со семејствата. Таа го посети Мосул, кој ирачките сили минатата година го освоија од „Исламска држава“, откако градот беше бастион на џихадистите.Холивудската ѕвезда и амбасадорка прошета меѓу урнатините во стариот дел на Мосул. Разговараше и со граѓаните и се обиде да ги сослуша нивните потреби. Се информираше и за активностите кои е потребно да се преземат за да се обнови овој ирачки град.„Ова е најголемо уништување кое го видов за сите години колку што работам со УНХЦР“, порача Џоли.Како што рече таа, луѓето во овој дел на Ирак изгубиле сè, станале сиромашни, немаат лекови за децата… Поголемиот дел немаат ни питка вода.Џоли истакна дека луѓето, со ограничена помош се обидуваат повторно да ги изградат своите домови. Таа порача дека на овие луѓе им е потребна помош и дека стабилноста на градот е неопходна за стабилноста на цел Ирак и за регионот во иднина.Актерката претходно ги посети бегалците кои поради нападите на ДЕАШ мораа да ги напуштат своите домови.