Како се слави Божик во вселената?

Астронаутите на НАСА кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, одлучија на свој начин да го одбележат Божик според Грегоријанскиот календар.

Имено, како што соопштија од Агенцијата, тие вчера добија слободен ден кој го минаа главно во разговор со семејствата. А, добија и специјален оброк.

– Среќен Божик на сите кои се на Меѓународната вселенска станица!, напиша на Твитер инженерот на НАСА, Марк Ванд.

На екипажот на МВС неодамна им се придружија уште тројца астронаути, кои на оние што веќе беа таму, и им однесоа подароци од семејствата и од пријателите.