Како изгледа палатата на Мугабе?

Сменетиот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, има палата со 25 спални соби во Хараре,која вреди 10 милиони долари.Палата која се нарекува „Син покрив“ има две езера и се протега на 44 хектари. Таа е заштитена со систем кој вреди неколку милиони долари.Внатре има мермерни подови, скапи лустери и базен.

Овој 93-годишен владетел со неговата сопруга Грејс уживал во луксузот.Објавените фотографии покажуваат дека тие трошеле милиони за своите потреби.