Казиното во Тетово пред кое се протестираше нема да се отвори

Објектот во Тетово во кој требаше да се отвори казино за што на 4 мај се протестираше против таа одлука, нема да се отвори, информираа на денешната прес конференција од движењето против обложувањето во Тетово за одлуката на надлежниот Управен суд.

Според членот на Здружението Џемал Абдиу кои и го организираа протестот на почетокот од месецов тоа ги дало првите резултати но најави и дека тие ќе продолжат и понатаму со своите активности.

-Реакцијата на граѓаните против деградацијата, мизеријата, проституцијата, сиромаштијата што се предизвикува во поголеми размерии од овие игри на среќа секој ден се зголемува и зазема форма и храброст да се шири низ целата држава како и тие да се вклучат во донесувањето на одлуки за овие негативни појави, рече Абдиу.

Според неговиот колега од ова Здружение Јуши Емурлаи и институциите на системот позитивно одговориле на нивните барање за забрана за отворање на казиното.

-Општина Тетово не дозволила пренамена на објектот од станбен во деловен поради немање паркинг, Министерството за финасии посочило дека тој не ги исполнува условите бидејќи согласно постојниот Закон, казиното треба да биде самостоен објект или во рамките на хотел или мотел додека од полицијта донеле одлука дека не може да ги задоволат барањата за негово обезбедување, изјави Емурлаи.

Емурлаи и Абдиу заеднички најавија дека активностите на Здружението ќе продолжат во правец во овој дел од градот каде на многу блиско растојание се наоѓаат двата универзитети и по две средни и основни училишта никако да не се дозволи отворање на ново казино, спортска обложувалници или друг објект за приредување на игри на среќа.

Тие посочија дека ќе се обидат во новиот закон за игри на среќа да не се прифати предложената одредба казината да бидат најмалку 300 метри од јавни објекти туку и постоечките и новите казина, обложувалници и други објекти за игри на среќа да бидат најмалку три километри од секоја урбана средина.

-Ние не сме да се затворат ваквите објекти туку сакаме тие да се преместат подалеку од населените места и да бидат согласно законот бидејќи во моментот над 90 отсто од овие објекти функционираат во спротивност и со постојниот и со новиот закон што треба да се донесе за оваа област рече Абдиу.

За ова свое барање за оддалечување на казината и сличните објекти најмалку три километри од населените места од Здружението ќе подготват амандмани заедно со нивни адвокати што ќе бидат испратени до сите парламентарни групи со цел како што беше речено да се спречи донесувањето на скандалозно подготвениот закон од Министерството за финасии.

Во рамките на идните активности од Здужението против обложувањето најавија дека ќе побараат и подготвување на стратегија за образование на учениците, студентите и сите други граѓани за штетата што ја предизвикуват игрите на среќа, а што ќе се финасира од дополнителните даноци со кои треба да се оптоварат ваквите објекти.