И Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа Данев

Драган Данев е новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Влатко Ѓорчев, кој ја извршуваше привремено функцијата.

Данев, како што соопштија од партијата, е назначен со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а откако Ѓорчев побарал да се повлече од функцијата, поради, како што е наведено, голем обем на обврски и презафатеност.

За заменици на Данев, пак, се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.

Последниве години, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше Илија Димовски, кој се повлече од функцијата веднаш по вонредниот партиски конгрес на кој Христијан Мицковски беше избран за лидер. Тоа беше еден од првите сигнали за расцеп и во пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која, пак, веќе неколку месеци го бојкотира праламентот, поради приведувањата за настаните на 27 април минатата година.