И откажуваат гласните жици на Шакира

САД- Колумбиската пејачка Шакира ја откажа својата долго очекувана турнеја поради проблеми со гласните жици.

Таа преку порака на своите профили, на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, им се извини на своите фанови што ќе мора да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ до јуни 2018. година поради проблеми со гласот.

Според лекарите, нејзините гласни жици и понатаму крварат, а состојбата е посериозна отколку што мислеле на почетокот.