И на Ахмети не му се зборува за „Монструм“

„Јас не сум дел од процесот, но ве охрабрувам вие како новинари да продолжите да ги барате одговорите на прашањата во врска со случајот“, одговори претседателот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со поврзаноста на високи функционери на неговата партија, вклучувајќи го потпретседателот Невзат Бејта со случајот „Монструм“.

На вчерашното одложено рочиште во скопскиот Кривичен суд, родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро рекоа оти премиерот Зоран Заев им покажал транскрипти од разговори меѓу Бејта и еден од обвинетите.