И НАТО протерува руски дипломати

НАТО протерува седум руски дипломати, и одби да даде акредитација за уште тројца. Тоа го наведе генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Руските дипломати кои ќе бидат протерани се од руската мисија во Алијансата.

НАТО ја намалува и бројноста на руската мисија од 30 на 20.

– Со тоа се испраќа јасна порака до Русија, изјави Столтенберг на прес конференција.