И Мајкл Корс му рече не на крзното

 

САД- По Гучи, Армани, Ралф Лорен, Томи Хилфигер, Хуго Бос и Стела Мекартни, и светската позната групација на луксузна мода „Мајкл Корс Холдинг Лимитед“ објави дека нема да користи животинско крзно во своите колекции, а планираат потполно да го исфрлат до крајот на 2018 година.

-Оваа одлука означува ново поглавје додека нашата компанија продолжува да напредува во користење на иновативни материјали, изјави Џон Идол, извршен директор на компанијата.