И здравствените работници заболеа од морбили

Состојбата со морбили станува алармантна. Нови шест регистрирани случаи на морбили, овој пат здравствени работници.Четворица специјализанти, медицинска сестра, и еден шалтерски работник. Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле. Сите имале директен контакт со заболени деца. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна, во моментот се наоѓаат на домашно лекување.

Според информациите на Институтот за јавно здравје досега се пријавени околу  80 сомнителни случаи  со мали сипаници, а вкупно досега се вакцинирани 3913 лица.