И државната телевизија му сврте грб на Мугабе

Хараре- Владеечката партија Жану-ПФ го повика претседателот Роберт Мугабе да поднесе оставка, гласеше вечерва насловот на веста што досега беше незамислив на државната телевизија во Зимбабве по повикот на владеечката партија претседателот Мугабе да си замине од власта.

АП известува дека граѓаните на Зимбабве ги следеа вечерва вестите што не можеа да замислат дека ќе ги видат на државната телевизија, која со децении јавуваше за родендените на претседателот Мугабе и за неговите достигнувања.

Мугабе е вест во светот откако армискиот врв го стави во притвор и бара од него да се „одмори“ од функцијата што ја држи 37 години.