Италијански разузнавачки служби: Постои реален ризик од џихадистички напади

Постои конкретен и реален ризик од џихадистички напади во Италија, се наведува во годишниот извештај на италијанските разузнавачки служби.

„Италија е изложена на непријателска пропаганда од терористичката група т.н. „Исламска држава“, а радикализирани поединци и натаму има на територијата на државата“, се вели во извештајот.

Радикализираните поединци кои зборуваат италијански јазик во извештајот се нарекуваат „исламонаути“.

Разузнавачите повикуваат Италија да обрне внимание на прикриените кампањи кои се обидуваат да влијаат на парламентарните избори закажани за 4 март.

„Постои растечка закана, а може да дојде и до кибер-напади со цел да се влијае на одлуката на граѓаните (на изборите)“, се истакнува во извештајот на италијанските разузнавачки служби