Италијанската актерка Азија Арџенто: Харви Вајнстин ме силуваше во Кан

Франција– Годинешното издание на Канскиот филмски фестивал вчера заврши со вистинска животна драма што ги засени добитниците на највисоките награди.

Италијанската актерка Азија Арџенто, членка на жирито, одржа моќен говор што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето #MeToo.

„Во 1997 година Харви Вајнстин ме силуваше во Кан“, рече актерката прд да ја додели наградата за најдобра актерка.

„Имав 21 година. Овој фестивал беше неговото ловиште. Сакам да предвидам нешто: Харви Вајнстин никогаш веќе нема да биде добредојден тука. Ќе живее во срам, отфрлен од филмската заедница што порано го прифаќаше и ги прикриваше неговите злодела.“

Потресниот говор на Арџенто ја потсети филмската јавност на гламурозниот настан дека движењето за заштита на жените во филмската индустрија не е згаснато и дека злоставуваните жени ќе се изборат за својата правда.