Исчезнат скопјанец пронајден мртов

Шеесет и деветгодишниот Е.О. од скопското село Грчец, кој во понеделникот дена беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов. Неговиот син го здогледал мртвото тело околу 7.30 часот во пошумениот дел од Горни Грчец, по што повикал полиција. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција, која што треба да ги открие причините за смртта.