Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена

Потрагата по дедо Душко Трајковски (85) од Карпош кој беше пријавен за исчезнат, заврши трагично.

Тој пред 11 дена на 2 декември, додека се возел на својот велосипед бил удрен од страна на автомобил Фиат Добло и по кратко време им подлегнал на повредите.

Несрежата се случила на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата Момин Поток.

Информациите ги потврди и полицијата, која вчера извести дека Трајановски бил пред два дена пријавен за исчезнат.

На 7 декември вечерта од Ургентниот центар пријавиле во МВР дека повреденото лице, чиј идентитет во тој момент бил непознат, починало. Неговото препознавање најблиските го извршиле денеска.