Истражување: Фановите на „Хари Потер“ имаат помалку прерасуди


Фановите на серијалот „Хари Потер“ на бротанската авторка Ј.К. Ролинг можеби немаат волшебни моќи, но се многу позадоволни бидејќи припаѓаат на група која е многу толерантна.

Магазинот за применета социјална психологија открива дека децата кои ги читаат книгите за Хари Потер имаат помалку предрасуди, како и тоа дека имаат подобар став кон стигнатизираните групи.

Истражувањето насловено како „Најголемата магија на Хари Потер: Ги намалува предрасудите“ е спроведена со цел да се тестира дали најпродаваните книги го подобрува односот и ставот кон стигматизираните групи како имигрантите, хомосексуалците итн.

Истражувањето открива дека идентификувањето со ликот на Хари Потер и неидентификувањето со негативните ликови како што е Волдеморт го намалува ефектот на предрасуди кај младите читатели.