Истражување: Какви мажи посакуваат жените

Научници од австралискиот Универзитет Грифит спроведоа истражување на тема какви мажи посакуваат жените најмногу.

Испитувањето опфатило 150 Австралијки и тие требало да разгледаат најразлични фотографии и да ги оценат луѓето според привлечноста. Се покажало дека жените ги привлекуваат силни, високи момци, атлетски градени, но претпочитаат да бидат и слаби.

Мажите што на слика изгледаат силни, добија повисоки оценки. На второ место по привлечност се слабите и високи момчиња.

Заклучокот од анкетата гласи дека жените и натаму избираат мажи за кои сметаат дека би можеле да се грижат за нив.

Едно претходно истражување пак, спроведено во Универзитетот на Пенсилванија, покажа дека Американките сакаат ќелави мажи.