Истрага за убиство од небрежност на фудбалерот на Фиорентина
Јавноста во Италија е повторно во шок откако Обвинителството реши да отвори истрага за смртта на 31-годишниот Давиде Астори, капитен на фудбалскиот клуб Фиорентина, кој почина во сон ноќта спроти неделата во хотелска соба во Удине, каде неговиот тим беше во карантин пред мечот со Удинезе.
„Отворивме истрага против непознат сторител поради сомневање за убиство од небрежности на Давиде Астори. Договоривме аутопсија што наскоро ќе биде извршена. Ова е вообичана процедура, засега никого не обвинуваме. Сепак, наша должност е да откриеме дали смртта на Астори е последица на трагична фаталност или нешто се случило“, рече Јавниот обвинител од Удине, Антонио Де Николо на вонредна прес-конференција.
Аутопсијата ќе ја води истражителот Карло Морески од Падова. Негова задача ќе биде да го расветли целиот случај, односно да ги собере потребните анализи, да се дознае дали Астори користел одредени супстанци што го довеле до смрт.