Историски ден: Првпат е одобрена генска терапија, почнува од САД

Вчера во САД за првпат е одобрена генска терапија, која ќе се применува за деца и возрасни лица со некои од болестите предизвикани од мутација во точно одреден ген. „Luxturna“, како што се вика лекот, функционира така што испорачува нормална копија на генот директно во заболените клетки кои потоа произведуваат нормален протеин!

Трошоците за лекување уште не се потврдени, но првичните информации се дека станува збор за трошок од еден милион долари за пациент.

Европската Агенција за лекови веќе ја разгледува можноста оваа терапија да се одобри и за земјите во ЕУ.

Пациентите со ретки болести ширум светот оваа информација ја нарекоа „историски ден“ за нив, со надеж дека лекот ќе биде вистинскиот за многу заболувања.