Истанбул: Уапсени 54 студенти на универзитетот „Фатих“
Турската полиција уапси 54 вработени на истанбулскиот универзит „Фатих“, кој беше затворен по ланскиот обид за државен удар, за кој Анкара го обвинува муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.
Покрај ова, издадена е наредба и за апсење на уште 171 универзитетски професори и вработени на „Фатих“, кој е поврзан со организацијата на Ѓулен.
Ѓулен негира каква и да е поврзаност со неуспешниот обид за преврат од 15 јули 2016 година.
Универзитетот „Фатих“ беше затворен веднаш по пучот, откако беше откриено дека вработените ја употребувале мобилната апликација Бајлок, која, според турските власти, ја користеле приврзаниците на Ѓулен за поддршка и организирање на обидот за преврат.
По неуспешниот обид за државен удар во Турција беа уапсени над 50.000 лица, меѓу кои и државни службеници и припадници на безбедносните сили, а околу 150.000 луѓе беа отпуштени од работа.