Искршена холивудската ѕвезда на Доналд Трамп

САД– Човек опремен со копач вчера ја искршил ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп поставена на холивудскиот Булевар на славните. Инцидентот се случил рано насабајле, а полицијата била алармирана од случајни минувачи кои забележале дека од ѕвездата е останат само куп шут и копачот оставен покрај него. Полицијата информираше дека човекот што го сторил делото подоцна самиот и се предал.

Ѕвездата на Трамп беше искршена и во октомври 2016 година, а воедно повеќе пати беше исчкртана од страна на демонстранти.

Трамп ја доби ѕвездата во 2007 година како признание за успехот на неговото реално телевизиско шоу „Приправникот“.