Иса Мустафа дал инструкции ЛДК да не гласа за демаркацијата за да издејствува нови избори

По второто одложувања на вонредната седница на која косовскиот Парламент требаше да гласа за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, приштинските медиуми пишуваат дека опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) не сакал да гласа за спогодбата под влијание на партскиот лидер Иса Мустафа, кој е на лекување во Германија.

Повкувајќи се свои извори, порталот Индексонлај наведува дека, од болницата каде е хопстализиран повеќе од еден месец, Мустафа им порачал на своите пратеници да не гласаат за Договорот, со цел да падне владата на косовскиот премер Рамуш Харадинај, што би довело до предвремени избори.

Според истите извори, како што јави дописникот на МИА, Мустафа е во постојан контакт со пратениците од неговата партија и внимателно ја следи ситуацијата во Косово.

Инаку, пратеничката група на ЛДК претходно потврди дека ќе гласа за договорот, но на денешната седнца се спротивстави на предлогот тоа да биде во пакет со извештајот на новата Комисија за демаркација на границата, што ја формираше Харадинај.

Договорот за границата беше потпишан на 26 август 2015 година кога премиер беше токму Мустафа. Тој тврди дека Косово со него не губи ни сантиметар од својата територија, наспроти Харадинај и движењето Самопределување, според кои, најмалку две илјади хектари земјиште и се препуштаат на Црна Гора.