Иран потврди дека тестирал балистичка ракета


Иран потврди дека неодамна тестираше балистичка ракета, што наиде на осуда од страна на САД.

Иранскиот генерал Амир Али Хаџизадех изјави дека тестирањето било „важно“.

САД го искористија тестирањето на балистичка ракета за да побараат од европските држави да ги следат во повторно воведување на санкции кон Иран.

Согласно Договорот со Иран од 2015 година, Техеран треба постепено да го стопира тестирањето на балистички ракети, но Договорот не забранува такви тестирања.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај ги повлече САД од мултилатералниот Договор со Иран и повторно воведе санкции кон Техеран, додека европските држави работат на одржување на Договорот, со кој на Иран му се забранува збогатување на ураниум.