Интер подготвува стратегија за симнување на Јувентус од врвот

Генералниот директор на Интер, Алесандро Антонело изјави дека во клубот работат многу сериозно, за да биде скратена предноста на Јувентус на финансиски, организациски и кадровски план.

 Тој истакна дека токму „нероазурите“ се последниот тим, кој освоил три титули во Италија.
– Ние го гониме Јувентус и должни сме да се обидеме да го скратиме заостанувањето. Работиме во сите насоки. Да не заборавиме дека токму ние сме оние кои последни сме ја освоиле Лигата на шампионите, Серија „А“ и Купот на Италија. Ние правиме максимални напори за да ги стигнеме. Веројатно сега Јувентус е еден од најдобрите тимови во светот, но ние сме подготвени да влеземе во битка со нив и да ги победиме. Имаме стратегија и план, изјави Антонело пред португалскиот весник „A Бола“
Директорот додаде дека неговиот тим е свесен дека целта пред нив ќе биде уште потешка, поготово откако сезонава Јувентус го купи Кристијано Роналдо, а со тоа си додаде уште неколку милиони луѓе во својата фан база.