Интер не дозволи Миранда да оди во Монако

Калчолигашот Интер го одби предлогот на Монако за дефанзивецот Миранда, објави познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марзио.

Клубот од Монте Карло сакаше да го изнајми 34-годишен Бразилец за остатокот од сезоната.

Во тековната сезона, Миранда играше на 11 натпревари за „неро-азурите“.

Монако грчевите се бори за опстанок во најсилната фудбалска лига во Франција – Лига 1, а тренерот Леонардо Жардим изјави дека за да ја оствари целта, на клубот му требаат неколку нови играчи.