Интер му ја одзема капитенската лента на Икарди

Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди веќе нема да биде капитен на тимот. Прес-службата на клубот објави дека голман Самир Хандановиќ е назначен за нов капитен.

Причините за оваа одлука не се соопштени.

За потсетување, напаѓачот не се согласи на нов договор со „неро-азурите“.

Икарди бара 7,5 милиони евра годишно, без да ги земе предвид бонусите. Таквата плата би го направила втор најплатен играч во Серија А по Кристијано Роналдо од Јувентус.

Сегашниот договор на Аргентинецот со Интер истекува на 30 јуни 2021 година. Oткупната клаузула за предвремен раскин на договорот изнесува 110 милиони евра.