Интер: Икарди е здрав

Поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди поминал денес медицински тестови, кои откриле дека нема компликации во коленото и глуждот.

Минатата недела, Аргентинецот не тренираше со тимот, откако следеше самостојна програма со физиотерапевт.

По одземањето на капитенската лента, Икарди ги пропушти средбите со Рапид Виена во Австрија и Сампдорија.

Сепак, по денешните тренинзи, се очекува дека Аргентинецот ќе биде во тимот за утрешниот реванш со Австријците.