Интер го сакал Озил на позајмица за пола плата

Калчолигашот Интер го бара на позајмица фудбалерот на Арсенал Месут Озил. Германецот со турско потекло не ги прикажува очекуваните игри, па „топџиите“ сакаат да се ослободат од него, а таква шанса за тоа е Интер.

Сепак „неро-азурите“ се подготвени да му исплаќаат само пола од неговата плата.

Озил има актуелен договор со Арсенала според кој заработува 350 илјади евра неделно и токму висината на платата е најголемиот проблем при преговорите со други клубови.

Останува да се почека одговорот на Арсенал, дали ќе го има Озил на резервната клупа во своите редови за 1,5 милиони евра месечно, или ќе го пушти да игра во Интер и при тоа ќе му плаќа „субвенција“ половина од оваа сума.