Интервју со поп-атракцијата „Џипси кингс“: Во Скопје ќе направиме незаборавна авантура

„Џипси кингс“ се од оние бендови кои секогаш се актуелни, дури и да немаат нов музички материјал, слушањето на нивните песни е природно растење на хормонот на среќа. Повеќе од 25 години на сцената, многу концерти и патувања заокружени со продажба од над 25 милиони албуми. Кралевите на џипси-музиката доаѓаат во Скопје в петок (22 декември) во рамките на второто издание на „All you need is love“, во организација на „Авалон продукција“.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко-стил со поп и латино-ритам, членовите на „Џипси кингс“ станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Балиардо, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. По шест номинации за наградата „Греми“ во 2014 година, членовите на „Џипси кингс“ го добија ова престижно признание за албумот „Savor flamenco“. Концертот ќе се одржи во Вип-арената „Борис Трајковски“, а македонската публика ќе има можност да ги слушне големите хитови како „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“.

Во Скопје ќе гостуваат со актуелната формација на бендот, предводена од Пако и Микаел Балиардо. Токму со нив двајца направивме и разговор по електронски пат во пресрет на нивниот концерт.

На прашањето која е нивната тајна или рецепт за успех и по толку многу години да опстојат на сцена, одговараат кратко и јасно – публиката е заслужна за се!

Целото интервју ќе може да го прочитате во утрешниот број на Независен весник.

Ивана Настеска