Инспирација или почит: Колинда во Загреб како Меланија во Вашингтон

Хрватска- Случајно, инспирација или намерно. Хрватската претседателка Колинда Грабар го повтори истиот аутфит на првата дама на САД Меланија Трамп од инаугурацијата во Вашингтон на средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин во Загреб.

Одлично скориениот костим на Ралф Лорен во бебешко сина боја, во стилот на Џеки Кенеди е најпознат изглед на Меланија во улога на прва дама. Ако сопругот Доналд Трамп губи поени со своите настапи, однесувања и одлуки, првата дама на САД собира поени со стилскиот избор на гардеробата, по совет на личниот стилист .

На средбата со Ривлин, Грабар избра сличен аутфит, разликата беше само во ракавите. Меланија беше со класични, тесни долги ракави, а Грабар во широки, во облик на ѕвоно ракави, и без дамски ракавици како Трамп.

Имаше разлика и во чевлите. Меланија избра високи салонки „Лубутан“ од 12 см, а Колинда полузатворени сандали со ременче на петата.