Индискиот премиер со најмногу следачи на Инстаграм


Индискиот премиер Нарендра Моди е најголем „инфлуенсер“ меѓу државниците, кого на Инстаграм го следат дури 15,5 милиони луѓе.

Според студијата која ја спроведе страницата „Twiplomacy Study 2018“, со која управува компанијата за односи со јавност и комуникации Бурсон-Марстелер, на второ место е индонезискиот претседател Јоко Видодо, кого го следат 12 милиони луѓе, а на трето место е Трамп, со 10 милиони следбеници.

Меѓу 50 државници, кои на Инстаграм имаат најмногу следбеници, се и папата Франциско, кого го следат пет милиони, јорданската кралица Ранја со четири милиони, турскиот претседател Реџеп Tајип Ердоган, исто со четири милиони, по што следуваат Белата куќа и британското кралско семејство.