Именувани шест нови директори на национални установи од културата

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата, по завршување на постапката од јавните конкурси.

Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директор на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари за директор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, Гордан Николов – на Музејот на Македонија, Мира Гаќина за дирекор на Музејот на современата уметност, Миќо Стојчески – на Музејот на Тетовскиот крај – Тетово и Сашо Тодоровски – именуван за директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово.

Со овие национални установи досега раководеа вршители на должноста на функцијата директор.