Илон Маск доби ривал во освојувањето на Вселената

До пред извесно време, САД, Русија и други побогати држави во светот се натпреваруваа кој ќе стигне најдалеку во вселената главно преку државните вселенски агенции, но денес властите имаат други приоритети, па трката ја преземаат приватни компании.

Додека Илон Маск и неговата „Спејс-икс“ се обидуваат да стапнат на Марс пред НАСА, сега добија уште еден конкурент во рускиот милијардер, филантроп и љубител на науката Јуриј Милнер.

На седмото доделување на наградите „Брејктру прајз“, чија цел е да „ги претворат научниците во херои”, Милнер ги обелодени целите што ги поставила неговата компанија ги постави.

Тој нагласи дека не сакаат да ги засенат НАСА или која било друга државна вселенска агенција, туку „да помогнат во мисиите за изнаоѓање вонземски живот или нов дом за човештвото“.

Милнер како можни први дестинации за истражување ги посочи месечините на Сатурн – Енцелад и на Јупитер – Европа, па дури и Венера, каде, според него, колку и да звучи невозможно, може да има живот.

Марс, засега, му го препушта на Маск.