Иконите на модната фотографија на удар: Патрик Демаршелие обвинет за сексуално вознемирување

САД- По Тери Ричардсон, Марио Тестино и Брус Вебер, уште еден славен фотограф на удар на светската јавност за сексуално вознемирување. Славниот фотограф Патрик Демаршелие (74).   За весникот една од поранешните асистентки на Демаршелие открива дека тој не бил запрен да сака од неа “сексуални услуги” до момент во кој таа не се подредила за да не ја изгуби работата. Шест други модели го обвинуваат Французинот дека ги натерал да ги стават своите раце на гениталиите или дека ги грабнал за градите.

“Луѓето лажат и раскажуваат приказни”, рече Демаршелие, објавувајќи ги обвинувањата против себе.

Најголемиот весник во Бостон, „Бостон Глоуб“, направи скандалозен извештај, тврдејќи дека речиси дваесетина професионалци во модната индустрија се вклучени во сексуално вознемирување.Екипата на изданието, кој во 2002 година прво ги откри сексуалните напади меѓу католичките свештеници во Бостон, денеска соопшти дека повеќе од 50 модели раскажале како биле злоупотребувани сексуално – од непристојни допири до силувања.

Нивните обвинувања зафаќаат барем 25 од најголемите имиња во бизнисот кои работат како агенти, фотографи, стилисти, директори на кастинг и други, информира “Бостон Глоуб”.

Меѓу нив и фотографот Грег Кадет (“Викторија Сикрет”, “Вог”) и стилистот Карл Темплер (работел за “Коуч”, “Зара” и “Томи Хилфигер”).