Икарди: Штета што Меси нема да игра

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, во пресрет на третиот натпревар во Лигата на шампионите со Барселона, изрази жалење што Лионел Меси нема да учествува на таа средба.

31-годишниот Аргентинец ја повреди раката во натпреварот од 9. круг од шампионатот на Шпанија против Севиља (4:2).

– Штета е што Меси нема да може да игра, секогаш е убаво да се сретнеме со одлични играчи. Тој е најдобар на светот. Знаеме дека неговото отсуство е голема загуба за Барселона, и можеме да го искористиме тоа. Имаме можност да ги победиме, изјави најдобриот фудбалер на Интер.

Натпреварот Барселона – Интер ќе се игра утревечер (24 октомври) на „Камп Ноу“ со почеток во 21 часот.

Двете екипи имаат по две победи остварени во првите две рунди од ЛШ. Во Б-групата се уште Тотенхем и ПСВ кои се без освоен бод.