Изненадување на „Шпион“: Минчо Јорданов нема да бара отштета и кривично да ги гони обвинетите

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште за случајот „Шпион“ соопшти дека нема да бара отштета од обвинетите, но и дека нема да се приклучи на кривичниот прогон на обвинетите, јавува „Фокус“.

Тој иако во обвинителниот акт е посочен како сведок оштетен, но и самиот истакна дека дел од обвинетите му барале повеќе пари за услуги кои ми ги вршеле, но од кои не бил задоволен, сега истакна дека не бара штета.

Тој пред судот појасни дека не бил уценуван и не добивал директни закани, но бил потсетуван дека треба да исплати уште пари, по што излегувале навредливи содржини за него во Буре весник.