Изложба на 20 уметници во Прилеп

Изложба на дела од прилепски ликовни автори ќе биде отворена во петок 23 февруари од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК„ Марко Цепенков“.

На увид ќе бидат 20 дела од уметниците од градот изработени во најразлична техника.

Посетителите ќе можат да проследат творбите на Јасмина Руневска, Лепа Милошевска, Драган Михаjлоски, Марија Ѓорѓиоска, Филип Перески, Методија Исков, Верче Николоска, Ферди Булут, Дарко Талески, Ангелка Башеска и др.