Излетал автомобил кај Росоман, возачот е тешко повреден

Возач бил тешко повреден откако автомобилот со кој управувал, излетал од патот синоќа на патот Кавадарци-Росоман.

Од Брза помош која е во склоп на Здравствен дом Кавадарци денеска информираа дека поради сериозноста на повредите, возачот во придружба на анестезиолог и медицинска сестра, бил префрлен на скопските клиники.