Изгоре куќа во селото Мглинце

Изгоре семејна куќа во планинското село Мглинце во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарот избувнал вчера во 14 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни единици од Старо Нагоричане и Куманово.

Поради лошата конфигурација на теренот, пожарникарите го гаселе пожарот во два наврати. Во гаснењето на пожарот учествувале седуммина пожарникари од Старо Нагоричане и од Куманово со две противпожарни возила.

Причината за избувнување на пожарот и материјалната штета не се познати.