Изгоре возило кај Манастирец

Изгоре возило кај селото Манастирец, Росоманско, повредени нема.

Пожарот го гаснеше екипа од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски потврди за МИА дека се зголемува бројот на пожари во Кавадарци и Росоман.

На местото на несреќата пристигна и Итна медицинска помош.