Извлечени 21 тело од рудник во Кина

Спасувачките екипи денеска извлекле 21 тело на рудари кои загинаа во уривањето на рудникот во провинцијата Шандонг, источна Кина, кое се случи пред повеќе од една недела. Кинеските медиуми јавија дека последното тело било извлечено вчера попладне. Во моментот на несреќата на 20 октомври, во рудникот работеле повеќе од 300 луѓе. Повеќето рудари беа извлечени, но 22 останаа заробени во урнаитините, а еден од нив беше извлечен следниот ден. Причината за уривањето се уште не е позната.