Магија на снег: Сите зборат за божикната забава на Кардашијанс

САД- Семејството Кардашијан-Џенер  ја прославија Божикната вечер на снег, облечени во бело, во луксузни тоалети, на високи потпетици, во домот на мајката Крис Џенер во Калабасас, елитно предградие на Лос Анџелес. Внатре на топло сѐ било бело, со ентериер на лажен снег, а надвор, во огромниот двор била направена вештачка лизгалица на кои семејството и нивните гости се санкале во тоалетите.

Сестрите Ким, Клои, Кортни и Кајли биле со децата, освен Кендал која сеуште нема деца, а од партнерите бил присутен само сопругот на Ким-раперот Кање Вест.

Годинава, кланот Кардашијан-Џенер ја сподели на Инстаграм честитката, 25 по ред оваа година, а на неа се најдоа четирите сестри Ким, Кортни, Клои и Кајли со децата, сите во бело и боси. Фали сестрата Кендал, која единствена во семејството нема деца и братот Роб. Годинава, ни мајката Крис Џенер не се фотографираше за божикната честитка.

Семејството десет години по ред има најгледано реално шоу во САД, Ким од Советот на модните дизајнери е прогласена за личност која најмногу влијаела со стилот на облекување и влезе во Белата куќа, а 2018 на Кајли и го донесе статусот најмлада милијардерка според „Форбс“ со заработени 900 милиони долари.