Игуаин „изгоре“ за два натпревара

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин беше казнет за две натпревари. Дисциплинската комисија на Италијанската лига ја наметна казната на фудбалерот поради црвениот картон што го доби во текот на дербито со неговиот поранешен тим Јувентус.

Игуаин го доби првиот жолт картон на средбата поради протест кон судијата, а веднаш потоа следеше остра реакција од негова страна, што му донесе уште еден, а со тоа и црвен картон.

Други казни од Лигата, но само за по еден натпревар, добија Марсело Брозовиќ (Интер), Карол Линети (Сампдорија) и Томас Ринкон (Торино).