Игор Џамбазов со нова книга стихови „Улица диши длабоко“

Сите најдраги стихови од неговите блуз приказни, стиховите од поп-хитовите кои ги напишал за пријателите и некои сосема непознати на јавноста ќе ги читаме во новата книга „Улица диши длабоко“, седма по ред на Игор Џамбазов.

Маестралниот актер, шоумен, писател и музичар новата книга во издание на книжарницата „Три“ ќе ја промовира утре (среда) во 19 часот во мезе барот „Вип база“ во Скопје.

Ова беше активна театарска година за Игор. Две премиери, една театарска, една на мјузикл и продолжение на успешната приказна на „Брачна игра“, дуо-драмата која ја игра со Весна Петрушевска во МНТ беа дел од неа.