Игор Југ доби ќерка

Игор Југ, еден од притворените поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, доби ќерка. Веста ја објави неговиот пријател Тони Михајловски, кој на својот профил на „Фејсбук“ напиша: „На Игор Југ му се роди ќерка. Нека е жива и здрава, и побргу да го гушне тато“.

Југ беше дел од групата која успеа да стаса до собраниската прес-сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт.

Тој во парламентот влегол преку предната врата која наводно ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието.