Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година. Потврда за обновување на соработката со крилниот напаѓач на македонската репрезентација стигна и од кипарскиот прволигаш во чии редови останува и Французинот Флоријан Тулеме.

„Клубот функционира како едно големо семејство и воопшто не беше тешко при носење на одлуката за останување“, изјави меѓудругото Тричковски за официјалната интернет страница на тимот од Ларнака.

Тричковски е член на АЕК Ларнака од 2016 година. Досега одигра 47 натпревари во кои постигна 25 гола. Фудбалската кариера ја почна во Вардар по што настапуваше и за Работнички, за Црвена звезда, за Енозис Паралимни, за АПОЕЛ, за Бриж, за Васланд Беверен, за Ал-Наср и Легија Варшава.

За репрезентацијата на Македонија има 47 настапи и четири погодоци.